Нови Volvo SUV модели - помал и поголем XC

Volvo ќе ја зголеми својата понуда на SUV модели со уште два модела – еден помал од XC40 и еден поголем кој би се наоѓал на врвот, над XC90.

Помалиот модел е возможен благодарение на стекнувањето на 50% сопственост на компанијата Smart од страна на Geely, компанијата која е сопственик на Volvo.



Со Smart ќе бидат поделени трошоците на адаптирање на CMA платформата за помали модели (со околу 4 метри должина, колку Audi Q2 или MINI Countryman), а најверојатно новиот мал SUV ќе биде понуден само во комплетно електрична варијанта.

Беџот кој ќе го носи овој модел не е познат, но Volvo изминативе 20 години веќе ги имаат заштитено имињата XC10, XC20 и XC30, како и XC50.

Поголемиот модел, пак најверојатно ќе биде наречен XC100 кога ќе пристигне на пазарот во 2022-ра и ќе биде базиран на втората генерација на SPA2 платформата, наменета за поголеми автомобили.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.08.2019 11:45:55