Здравствени придобивки од модриот патлиџан

Една шолја сечкан модар патлиџан има 20 калории, а содржи и важни хранливи состојки. Антоцијанините, пигментите кои му ја даваат бојата, имаат антиоксидантни карактеристики поврзани со анти-инфламацијата и спречувањето на прекумерната тежина.



Насунинот, пак, ги заштитува клетките од оштетувања кои можат да доведат до предвремено стареење и болести. Хлорогената киселина која ја содржи го подобрува имунитетот преку нејзините антивирусни карактеристики.

Една шолја модар патлиџан содржи околу 10% од препорачаната дневна доза на манган, минерал кој помага за продуцирање на колаген и го подбрува здравјето на кожата и коските. Овој зеленчук содржи и определена количина фолати и други Б-витамини, калиум и витамини Ц и К.



Антоцијанините исто така се поврзани со намалување на вкочанетоста на артериите и крвниот притисок кај жените, како и со превенција на оксидацијата на „лошиот“ LDL холестерол, кој е прекурсор на вкочанувањето на артериите, што може да доведе до срцев или мозочен удар.

Модриот патлиџан содржи и влакна кои го регулираат варењето како и шеќерот во крвта и нивото на инсулин. Кога го приготвувате обидете се да не ја фрлате лушпата бидејќи и таа содржи многу хранливи состојки.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.08.2019 11:36:50