Омнибус

Рим: Пластично шише како билет за превоз

Италијанската престолнина, заедно со уште неколку околни градови почна кампања за намалување на загадувањето. Така, во Рим од неодамна може за пластично шише да добиете едно возење во подземната железница.



По воведувањето слични мерки во Истанбул, сега и римјаните ќе можат да заштедат пари истовремено чувајќи ја околината. Принципот е едноставен – на три станици во „Вечниот Град“, патниците имаат можност да рециклираат пластични шишиња во автоматите за возни билети и така да го добијат својот билет за метрото.

Иницијативата „Рециклирај и патувај“ ја покрена римската градоначалничка Вирџинија Раги. Тест-периодот со три станици ќе трае 12 месеци, а ако е успешен, ќе се вклучат и други станици во подземната железничка мрежа.

Италија има огромни проблеми со отпадот, а лете преполните контејнери се уште поголема опасност за здравјето.

Извор:  МИА
Објавена на 14.08.2019 11:59:57