Футурама

Подморници кои прават мраз за повторно замрзнување на Арктикот

Тим индонезиски дизајнери има план како да се справиме со топењето на мразот на Арктикот, а тоа е со правење на уште повеќе мраз.

За таа цел, тие предлагаат градење на специјални подморници кои би служеле како огромни „ледомати“ во океанот – иако некои експерти сметаат дека тие би можеле да причинат повеќе штета отколку добро.

Според видеото кое го објавиле дизајнерите, подморниците прво се спуштаат под површината на водата за да го исполнат шестоаголниот „бунар“ со вода.

Потоа, машина за десалинизација ја отстранува солта од водата, а потоа подморницата ја замрзнува со намалување на амбиенталната температура плус со огромна машина за замрзнување.



На крај, подморницата повторно се спушта за да го ослободи шестоаголниот леден брег. Со повторување на процесот доволно пати и со доволен број на подморници, теоретски би можеле да се креираат цели ледени покривки.

Експертите кои сметаат дека оваа интересна идеја и не би била премногу корисна, ја карактеризираат како еден вид „ханзапласт“ , а не решение, за проблемот со климатските промени со кои што се соочува нашата планета.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.08.2019 10:55:40