Во Црна Гора казна и до 20.000 евра за пушење во затворен простор

Црногорскиот Закон за ограничување на употребата на тутунски производи, според кој ќе биде забрането пушењето во затворен простор, денеска стапува во сила, а за прекршителите предвидена е казна и до 20.000 евра.



Законот со кој се забранува употреба на тутунски производи во јавни затворени простории, освен во казината, беше едногласно усвоен на 31 јули.

Со новиот закон не е дозволено пушење во која било просторија или дел каде се консумира храна и пијалаци.

Извор:  МИА
Објавена на 14.08.2019 09:22:29