Футурама

MChat – прва и единствена македонска апликација за запознавање

Дека и македонските производи можат да ги следат светските покажува најновата и засега единствена македонска мобилна апликација за спојување.



Со МЧет, корисниците можат да листаат профили на други корисници, да ставаат лајк или дислајк на корисниците, а доколку двајца взаемно стиснат лајк следи совпаѓање по што можат да започнат со контактирање преку пораки.

МЧет е локациски базирана мобилна апликација што значи корисниците ги прикажува подредени по далечина, а истовремено корисниците можат да се погледнат и на мапа. Точната локација не се открива поради безбедносни и причини поврзани со приватноста на корисниците.

Во самата апликација корисниците можат да ги следат објавите од нивните пријатели, да коментираат на објавите и да читаат актуелни новости, најчесто од забавен карактер.

Користењето на МЧет е бесплатно, а за пристап до привилигирани функции можете да станете и премиум корисник за само 1.49 долари на месец. Апликацијата работи на Android и IOS уреди и може да се преземе од следниве линкови: Google Play (Android) и App Store (iOS)

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.08.2019 09:09:57