Мареј елиминиран уште во првото коло на турнирот во Синсинати

Французинот Ричард Гаске го совлада британскиот тенисер Енди Мареј со 2-0, по сетови 6:4 и 6:4 во првото коло на АТП турнирот во Синсинати (САД).



Мечот траеше еден час и 38 минути.

За потсетување, Мареј се опоравуваше во поголемиот дел од минатата сезона по операцијата на колкот. Во пресрет на Австралија опен, тој објави дека заминува тенис, но по турнирот се премисли и рече дека е подготвен да оди на втора операција за да се врати на тенисот.

Извор:  МИА
Објавена на 13.08.2019 10:08:20