Футурама

Срушено летало на Месечината ја контаминирало со живи организми

Израелското летало Beresheet кое се сруши на површината на Месечината на 11-ти април оставило нешто повеќе отколку купче отпад на неа – илјадници тардигради, малечки микро-животни, познати и како „водени мечки“. Тие инаку биле дел од товарот кој се состоел од дигитална архива со големина на DVD која содржела 30 милиони информации и примероци од човечка ДНК.



Тардиградите според научниците се едни од најиздржливите животни во познатиот Универзум – толку се издржливи да се пронајдени живи на екстериерот на Интернационалната Вселенска Станица.

Тардиградите од Beresheet најверојатно нема да ползат на површината на Месечината бидејќи тие биле претходно дехидрирани – иако можат да бидат „оживеани“ и по неколку години од процедурата.



Тие можат да преживеат на температури и до -200 °C и без да се дехидрирани, а порано годинава кинеската лунарна сонда Chang’e-4 најниската температура која ја измерила на Месечината изнесувала -182.7 °C

Иако не е јасно колку долго тие би можеле да преживеат на површината на нашиот сателит, ова значи дека луѓето случајно ја контаминирале Месечината со живот од Земјата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 12.08.2019 12:13:32