Футурама

Јапонија вложува 900 милиони долари во истражувања за човечко хибернирање

Јапонската влада вложила 921 милиони долари за истражувачки проекти кои вклучуваат вештачка хибернација, чистење на отпадот во животната средина и развивање на технологија која би можела луѓето да ги претвори во киборзи.



Разни истражувачки тимови ќе бидат поканети да предлагаат проекти од овој вид, со чија помош би можеле да се решат проблемите предизвикани од сè повеќе старечката популација на Јапонија, како што се недостатокот на работната сила.

Целта би била еден ден да може „смртните“ човечки органи да се сменат со машини и да се открие како да се индуцира хибернација.

Дваесет и петте истражувачки области во кои Јапонија сака да инвестира вклучуваат и пошумување и рециклирање на индустриски отпад, а сите овие проекти ќе имаат краен рок за реализирање помеѓу 2035-та и 2060-та. Откога сите предлози ќе бидат доставени, владата ќе ги разгледа и на одредени ќе им даде приоритет за да добијат дел од скоро 1 милијарда долари кои треба да бидат исплатени во првите 5 години од истражувањето.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 12.08.2019 11:40:20