Футурама

Израелски тенкови од иднината ќе имаат контролери како оние од XBOX

Пред 3 години, Израел ја лансираше програмата Carmel – иницијатива за развивање на „тенк на иднината“ за нивната војска. Сега, биле презентирани 3 прототипи на Carmel, а според демонстрацијата иднината на воените тенковски борби може да вклучува контролери како од гејминг конзолите.



Трите прототипи биле на изведувачите Elbit, Rafael и Israel Aerospace Industries, а секоја компанија ја претставила сопствената визија за тоа како треба да изгледа еден футуристички тенк.

Верзијата на Elbit вкучувала кациги за војниците на кои се прикажува слика од камерите и сензорите од екстериерот на тенкот, додека пак верзијата на Rafael имала „панорамски дизајн“ за приказ на она што го „гледа“ тенкот.



Само во верзијата на Israel Aerospace Industries, војниците користеле контролер сличен на оној на XBOX за да го контролираат тенкот.

Ова не е прв пат војската да користи гејминг технологија во нивните решенија – морнари од морнарицата на САД уште од март 2018 користат XBOX контролери за движење на 2.7 милијарди долари вредна воена подморница, а причината за тоа е што уреди се поевтини од било кој специјално направен контролер, а војниците најчесто веќе се запознаени како функционираат.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.08.2019 11:54:46