За 3 години треба да се појави новиот електричен Mercedes EQS во форма на лимузина, кој е забележан за време на тестирањето на шпионски фотографии, а ќе биде дел од 10-те електрични Mercedes-и кои треба да се појават до крајот на 2022-та.
EQS ќе им се приклучи на постоечкиот EQC SUV како и на идните EQV MPV и EQA хечбек, а во форма на концепт би требало да биде прикажан на Frankfurt Motor Show во септември.
Додека EQC користи адаптирана верзија од платформата врз која е изграден GLC SUV со средна големина, EQS ќе биде еден од првите возила на Mercedes кој ќе користи нова модуларна комплетно електрична платформа која моментално се развива во Штутгарт.
Од Mercedes веќе имаат објавено дека ќе бидат понудени повеќе варијанти, од EQS 350 до EQS 600, а прототипот забележан на шпионските фотографии има слична форма и големина на Mercedes CLS купе. Се чини дека EQC лимузината ќе ја искористи предноста на новата електрична платформа или ќе ги помести тркалата поблиску до работ на возилото, максимално зголемувајќи го просторот внатре.
Новата лимузина би требало да ги користи електричните мотори од EQC, да има погон на сите тркала и моќност од над 400 коњски сили, со тоа што новата платформа би овозможувала простор за сместување на батерија поголема од 80kWh која сега се користи во електричниот SUV.