„Рај за дами” – италијанска серија пристигна на Pickbox NOW

Италијанската серија “Рај за дами”- (Il paradiso delle signore), сместена во време на економскиот подем во 60-те во Милано, ги следи жените, нивните вредности и желби, нивниот раст и самоостварување преку борби во секојдневниот живот. Првите 20 епизоди на серијата се подготвени за гледање на Pickbox NOW, а останатите ќе стигнат следните месеци.



МИЛАНО, 1959.

Поминаа речиси три години од трагичната смрт на Пјетро Мори, а неговиот најдобар пријател Виторио Конти ја вложува целата енергија за да го оствари својот сон-повторно отворање на стоковната куќа “Рај за дами”. Откако ја напушти кариерата на публицист, пред Виторио е најголемиот животен предизвик. Отворањето на стоковната куќа ќе му биде овозможено преку финансиска помош од моќната миланска фамилија Гварниери, бескрупулозни луѓе подготвени да направат се за да го добијат саканото. Виторио не знае дека се здружил со негови најлоши непријатели бидејќи токму Гварниериеви ќе му прават пречки и ќе го загрозат успехот на неговото дело.

Деловниот живот на Виторио не е едноставен, а истото важи и за приватниот и неговата врска со Андреина Мандели. Нивниот однос е таен, следен со скриени состаноци кои само ја засилуваат желбата да бидат заедно пред сите, без криење.

Животот на Виторио станува покомплициран кога ќе ја запознае младата и страсна Марта, која му станува соработник. Марта е најмалата ќерка на семејството Гварниери со голема страст кон фотографијата. Од првата средба Марта и Виторио чувствуваат хемија меѓу себе. Обајцата го делат сонот за убавина, мода и иднина: сон што ќе ги зближи уште повеќе.

Освен љубовникот триаголник меѓу Виторио, Марта и Андреина, тука е и желбата на Лука за одмазда, како и борбата на Гварниери за моќ. “Рај за дами” е театар на различни приказни, семејни и општествени, кои меѓусебно се преплетуваат.

ПОМЕЃУ ЖЕЛБА ЗА ПРОМЕНА И ЗАЧУВУВАЊЕ НА ТРАДИЦИИТЕ ОД МИНАТОТО



За крај треба да се спомнат Венерите во “Рај за дами” - Клелија, Тина, Николета, Роберта, Габриела и други кои ќе ни дадат увид во животот од тоа време.

Тргнете на пат кон женственоста, меѓу желбите за промени и зачувувањето на традицијата, меѓу правилата и престапите, револуцијата на обичаите и одбраната на традиционалните вредности.

Првите 20 епизоди на “Рај за дами” веќе се достапни на Pickbox NOW, а следните месеци ќе стигнат уште 160!

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 07.08.2019 16:32:16