Дали путерот е лош за здравјето?

Во доцните 1980-ти, мастите се сметаа за „непријател“, додека денес оние кои се хранат здраво додаваат путер во нивното утринско кафе или пак кокосово масло во смутијата.

Науката порано сметала дека храната богата со масти е виновник за сè: од висок холестерол и срцеви заболувања, до дебелеење. Од тогаш, истражувачите имаат научено многу, како што е многу важниот факт дека не сите масти се еднакви.



Ова не доведува до прашањето, дали путерот е лош за здравјето?

Според нутриционистите, ерата на „путерот е лош“ е завршена и тој може да се употребува во било каков здрав режим на исхрана, секако во ограничени количини.

Една голема лажица путер содржи околу 100 калории и 11.5 грама масти, од кои 7 се заситени масти. Тие 7 грама претставуваат 35% од дневната препорачана доза на заситени масти, базирана на исхрана со 2000 калории дневно. За споредба, истата количина на калории би ја внеле од 1.25 шолја боровинки, кои содржат и влакна и антиоксиданси. Но, мастите повеќе ќе ве заситат.

Путерот е многу подобар избор од маргаринот (кој може да содржи и транс масти кои го креваат лошиот LDL холестерол и го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања), а калориски е скоро подеднаков како маслото од маслинки или авокадо (дури и помалку калоричен од нив), и може да се користи за готвење, наместо масло.



Путерот во својот состав има најмногу заситени масти, чии преголем внес е поврзан со зголемен холестерол, додека пак маслото од маслинки или авокадо содржи мононезаситени масти кои го подобруваат срцевото здравје.

Доколку нечија исхрана не вклучува премногу путер, не постои причина неговиот внес да се зголеми освен доколку не е потребно да се зголеми внесот на калории или масти, што се случува но не е премногу вообичаено.

Здравите индивидуални кои сакаат путер треба да го консумираат умерено – околу една голема лажица дневно.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 06.08.2019 10:56:16