Футурама

Откриена блиска „супер-Земја“ која би можела да подржува живот

Тим астрономи од универзитетот Корнел тврдат дека откриле прва потенцијално населива планета слична на Земјата надвор од Сончевиот Систем, со помош на вселенскиот телескоп TESS на NASA.



Новооткриениот ѕвезден систем наречен GJ 357 е составен од една ѕвезда со големина од една третина од нашето Сонце, која е околу 40% постудена од него и три егзопланети од која една е во зона каде што можеби е возможно да се развие живот – каде температурите се доволно топли за постоење на течна вода. Системот се наоѓа на оддалеченост од 31 светлосни години од нас, во соѕвездието Хидра.

Планетата GJ 357d е околу 22% поголема од Земјата, а добива подеднаква количина ѕвездена енергија од GJ 357 колку што Марс добива од Сонцето.

Според астрономите, се работи за прва блиска „супер-Земја“ која би можела да подржува живот, а знаци за такво нешто би можеле да се бараат со новите телескопи кои наскоро треба да станат оперативни.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 06.08.2019 10:52:21