Трета генерација на Volkswagen Tiguan

Volkswagen Tiguan моментално е глобално најмногу продаван модел на компанијата, со повеќе од 850 000 возила продадени само во 2018-та. Но, со комплетно електричните ID SUV модели на повидок, компанијата зазема друг пристап за идната генерација на Tiguan која треба да пристигне во 2020-та.



Третата генерација на Tiguan ќе ја замени релативно „коцкастата“ форма на сегашниот модел со помодерна и поагресивна, а ќе биде понудена и попрактично Allspace издание кое од регуларното ќе биде подолго за околу 25cm., со што ќе биде зголемен просторот во багажникот кој инаку изнесува околу 470 литри.

Кабината ќе биде преземена од најновата фејслифт верзија на Passat, со поголеми екрани.

VW Tiguan Mk3 ќе биде изграден врз MQB платформата на VW Group, иако нејзината архитектура ќе еволуира додека моделот пристигне на пазарот.



Тоа значи дека ќе може да се користат дополнителни електрични технологии кои на автомобилот ќе му овозможат автономност од Ниво 4, т.е автономно возење без возачот да управува со воланот, во одредени ситуации.

Се очекува сите мотори да имаат средно-хибридна технологија од 48 волти, а истите ќе бидат употребени и во новата, 8-ма генерација на Golf која треба да пристигне при крајот на оваа година.

Од VW веќе планираат да претстават и варијанта со високи перформанси Tiguan R, која би имала 2.0 литарски 4-цилиндричен турбо мотор со моќност од 254 коњски сили и 4MOTION погон на сите тркала.

Се очекува да бидат понудени и најмалку 2 plug-in хибридни изданија – едното со моќност од околу 172 коњски сили, а другото од 254 коњски сили.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 05.08.2019 12:50:46