Кожни болести кои може да ги добиете во теретана и како да ги избегнете

Теретаната е место каде може да се добијат многу чести и вообичаени кожни инфекции, од едноставна причина што во просек, опремата за вежбање на себе има 362 пати повеќе микроби на неа отколку седиштето на тоалетната шолја.

Еве неколку кожни болести и инфекции кои може да ги „закачите“ во теретана и како да ги избегнете:

1) Фоликулит



Фоликулитот изгледа како акни или црвени испакнатини, а доколку мислите дека го имате, не се чешајте – овие испакнатини може да се претворат во крастави рани кои оставаат перманентни лузни.

Оваа состојба е предизвикана од микроби како бактериите или габите кои навлегуваат во влакнестите фоликули на кожата, предизвикувајќи инфекција.

Полесните симптоми на оваа состојба може да се лекуваат со медицински креми, а за потешките инфекции се потребни и антибиотици.

За да се избегне фоликулитот, не треба да се носат премногу тесни облеки во теретана, бидејќи предизвикуваат триење кое ја иритира кожата, особено при потење. Кожата одржувајте ја чиста со туширање веднаш по вежбањето и не делете пешкири со други луѓе. Исто така, избегнувајте бричење доколку кожата е иритирана.

2) Рингворм

Оваа инфекција се појавува кога габести паразити се населуваат во горниот слој од кожата, предизвикувајќи подигнати области кои можат да се црвени, розови или сиви, а истата може да се прошири од една област на телото на друга. Потењето како и контактот со контаминирани површини како подовите во соблекувалните ја шират оваа инфекција која може да се третира со разни антигабични спрејови или креми.

3) Атлетско стапало



Tinea pedis, позната како атлетско стапало, е габична инфекција на стапалата која се појавува во форма на излушена кожа помеѓу прстите, а ја предизвикува истата габа како и рингвормот.

Најчеста причина за инфекцијава е чекорење боси во соблекувални, базени или било каде врз влажна површина, а не треба да ги чешате инфицираните места бидејќи на тој начин таа може да се прошири и врз дланките.

Добрата вест е што инфекцијата не предизвикува некои сериозни несакани ефекти и може да се третира со крема или лекови. За да избегнете, носите влечки во соблекувалната/базените и одржувајте ја хигиената на стапалата.

4) Плантарни брадавици

Плантарните брадавици се предизвикани од вирусни инфекции на кожата, најчесто на дланките или стапалата, а изгледаат како малечки месести испакнатини и можат да се болни.

Тие се шират со газење бос на подовите во соблекувалните, тушевите, базените и слично, овозможувајќи на вирусот да навлезе во кожата преку малечки отвори.

Брадавиците може да ги снема сами од себе, но тој процес може да трае 1 до 2 години. Доколку не ви се чека, доктор може да ги отстрани со замрзнување или киселина.

5) Херпес

Специфичен вид на херпес симплекс вирусот, наречен HSV-1, најчесто се шири кај спортистите кои се занимаваат со контактни спортови, но истиот може да се добие и од нечиста површина на која вежбал некој со инфекцијата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 05.08.2019 12:20:01