Здрава храна која може да го забави слабеењето

Јадење на непроцесирана и здрава храна е вообичаена стратегија за успешно слабеење, меѓутоа тоа не значи дека истата може да се јаде во неограничени количини и сè уште да се слабее. Многу од ваквата храна е исклучително калорична и многу е лесно да се прејадуваме со неа бидејќи е лесна и не зазема место во стомакот.

Еве што нутриционистите препорачуваат да се консумира умерено доколку се обидувате да слабеете:

1) Авокадо



Една четвртина авокадо содржи околу 80 калории, во зависност од големината. Меѓутоа, ретко кој јаде толку мала количина, туку повеќето го јадат целото – околу 320 калории. Исто така, луѓето се прејадуваат со гвакамоле (намаз од авокадо), па многу лесно може да се внесат и до 400 калории со едно „мезење“.

2) Суво овошје

Сувото овошје е многу погусто со калории, а содржи и повеќе шеќер.

3) Ореви, лешници и слично



Ваквите „грицки“ се исклучително калорични и содржат доста масти, па доколку целта ви е слабеење важно е да се консумираат умерено.

4) Растителни масла

Полно луѓе користат здрави растителни масла како маслиновото, а многумина, особено оние на кето диета, внесуваат (здрави) масла во големи количини. Една голема лажица растително масло има околу 14 грама масти и 126 калории, што значи дека треба да се консумира во умерени количини.

5) Путер од кикирики



Путерот од кикирики е богат со протеин, а бидејќи е исклучително вкусен, многу е тешко да се јаде во мали количини. Една „доза“ е 2 големи лажици, што во просек се 200 калории, но многумина често внесуваат и до 400-800 калории.

6) Гранола и разни мешавини

Четвртина шолја гранола содржи околу 160 калории и 14 грама масти, но ретко кој ја јаде во таа количина. Мешавините, пак, кои содржат разни семки, мешунки и суво овошје се исто така богати со калории, често се консумираат во поголеми количини во текот на целиот ден.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 05.08.2019 11:59:25