Футурама

Sony ќе лансира клима уред кој може да се вгради во облека

Како што температурите растат сè повеќе, идејата за пренослив „клима уред“ кој може да се носи со себе делува идеално. Токму затоа Sony планираат на пазарот да претстават токму еден таков уред.



Наречен Reon pocket, тој користи термоелектрично ладење, но може да се користи и за загревање во студените зимски денови. Уредот наводно може да ја намали температурата на телото на оној кој што го носи за дури 13°C и да ја зголеми за околу 8°C.

Reon pocket е bluetooth уред со помал од просечен смартфон, кој се вметнува во специјална поткошула која има џеб кај вратот, а преку апликација се поврзува со смартфон, од каде што може да му се контролира температурата.



Батеријата му трае 90 минути, а за целосно да се наполни потребни се 2 часа. Визуелно, личи на Apple глувчето, тежи само 85 грама а користи USB-C кабел.

Sony планираат уредот да го лансираат во 2020, токму на време за Олимпијадата во Токио. Моментално може да се купи само преку crowdfunding платформа (т.е платформа за заедничко финансирање) во Јапонија и чини околу $130.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 05.08.2019 11:50:07