Омнибус

Девет локации за љубителите на животни

Доколку сте љубител на животни, зошто да не одите на одмор некаде каде што ќе можете да се дружите со нив?

Еве некои такви локации:

1) Национален парк Бандхавгар (Индија)



Овој национален парк се протега на површина од над 1500 квадратни километри и се наоѓа во источна Индија. Таму живеат околу 250 различни видови на птици и 22 различни цицачи, а најпознат е по најгустото население на тигри во Индија. Бидејќи летата во Индија се исклучително топли, се препорачува паркот да се посетува помеѓу ноември и март.

2) Засолниште за животни „Најдобри пријатели“ (САД)

Доколку сте љубител на кучиња, мачки, зајаци, свињи или коњи, ќе бидете „во рајот“ доколку го посетите ова засолниште во Канаб, Јута. Ова е најголемото засолниште во САД, каде можете да се пријавите и како доброволец и да помагате на животните. Вакви регионални засолништа има и во Лос Анџелес, Њујорк Сити, Атланта и Хјустон.

3) Черчил (Канада)



Во октомври и ноември секоја година, градот Черчил во Манитоба, Канада, се наоѓа на патеката на миграција на поларните мечки, кои во тој период лесно можат да се забележат во нивното природно опкружување.

4) Островите Галапагос (Еквадор)

Тука може да се видат најразличните и најфасцинантните диви животни отколку било каде во светот како што се џиновските желки, морски лавови, игуани, пингвини, како и локалната флора и екосистеми кои ја инспирирале Дарвиновата теорија за еволуција.

5) Национален парк Кругер (Јужна Африка)



Тука може да се види „големата петорка“ (лавови, леопарди, носорози, слонови и бафала), како и зебри, жирафи, хиени и др.

6) Плажата на свињите (Бахами)

Една од најпознатите Instagram места во светот е т.н „плажа на свињите“ во Exuma Cays на Бахамите, каде може да пливате со вистински и преслатки свињи.

7) Национален парк Вулкани (Руанда)



Ова е првиот национален парк во Африка, кој се состои од дождовна шума и 5 вулкани. Тука живеат т.н златни мајмуни како и критично загрозените планински горили, кои можат да се видат единствено на сафари во Руанда, Конго или Уганда. За $1500 се добива дозвола за планинарење, при кое може од блиску да ги видите овие величествени суштества.

8) Засолниште на волци (САД)

Wolf Haven International во Тенино, Вашингтон има мисија да спасува и овозможува засолниште за разни волци родени во заробеништво. Посетителите тука може да очекуваат тура со водич во траење од 50 минути.

9) Национален парк Јелоустоун (САД)

Овој парк е дом на над 67 различни цицачи и 300 различни видови на птици.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 31.07.2019 14:36:52