Семиња богати со хранливи состојки

Иако се мали, семињата се исклучително богати со хранливи состојки – здрави масти, протеин, влакна, витамини и минерали. Еве кои се најбогати со нив:

1) Чиа



Семето од чиа е богато со омега-3 масни киселини, влакна, антиоксиданси, калциум и железо, а воедно е и добар извор на растителен протеин – 4 грама во 2 големи лажици.

2) Семе од краставици

Ова семе содржи калциум, антиоксиданси картеноиди и флавоноиди.

3) Ленено семе



Лененото семе е одличен извор на алфа-линолеична киселина (ALA), односно омега-3, која го намалува ризикот од срцеви заболувања преку намалување на инфламацијата во организмот. Тоа е богато и со влакна кои заситуваат, промовираат здрава дигестија и го намалуваат нивото на холестеролот. Ова семе мора да се јаде мелено, бидејќи телото не може да го свари целото семе и хранливите состојки од него нема да бидат апсорбирани.

4) Семе од коноп

За разлика од повеќето растителни извори на протеини, семето од коноп ги има сите 9 есенцијални амино киселини, правејќи го комплетен извор на протеин, а содржи 10 грама протеин во 3 големи лажици.

5) Семки од тиква



Тие се богати со магнезиум и триптофан, го подобруваат спиењето и се одличен извор на протеин, здрави масти, манган, фосфор и железо.

6) Семки од сусам

Семките од сусам содржат калциум, бакар, манган, магнезиум и железо.

7) Семки од домат

Овие семки се богати со антиоксиданси и витамин Ц.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 30.07.2019 11:32:36