Футурама

Роботска контактна леќа која може да зумира со трепкање

Тим научници од универзитетот на Калифорнија Сан Диего креирале контактна леќа како од шпионските филмови, која може да зумира и одзумира кога трепкате. Истражувачите се надеваат дека ваквата технологија еден ден би се користела во визуелните протези – паметни уреди за очи кои можат да функционираат како малечки двогледи.



Едноставно објаснето, тие ги измериле електроокулографските сигнали креирани со движењето на очите - гледање нагоре, надолу, лево, десно, трепкање, двојно трепкање – и потоа направиле мека биомиметичка леќа која директно реагира на овие движења. Всушност, електричниот потенцијал помеѓу предниот и задниот ден на очното јаболко се менува кога окото се затвара и тоа го искористиле за да ја контролираат леќата.

Инаку електроокулографијата е техника која се користи за следење и снимање на движењата на очите, а биомиметичките материјали се вештачки материјали кои ги имитираат природните, во поглед на функцијата и дизајнот.



„Биомиметичката мека леќа“ е всушност тенка вреќичка исполнета со солена вода, сместена во пакување направено од полимери кои, во зависност од волтажните промени на леќата, можат да се конвексни или конкавни, овозможувајќи „зумирање“ и „одзумирање“.

Истражувачите ја програмирале да зумира со трепнување два пати, а со уште две трепнувања да одзумира.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 30.07.2019 11:20:11