Верувале или не, латино дивата, Џенифер Лопез, деновиве наполни 50 години. Иако изјавуваше дека овој роденден ќе го прослави со мала забава, во светот на богатите и славните, малите работи изгледаат поголеми од вообичаено.
Пејачката на својот YouTube канал сподели мал дел од луксузната прослава, а воедно ни откри како изгледаше моментот кога од својот свршеник А Род доби скромен подарок – црвено Порше.