Кој најмногу заработува на Инстаграм?

Инстаграм „Листaтa на богатите 2019“ се заснова на тоа колку еден инфлуенсер може да наплати и заработи за една објава, како и на просечниот негов број ангажмани и бројот следачи на оваа друштвена мрежа.



Веќе втора година по ред, ѕвездата од реалните шоуа, Кајли Џенер е на врвот на оваа листа, годинава и со поголема заработка. Таа за една објава на Инстаграм во просек наплатува 1,26 милиони долари.

Зад неа е Аријана Гранде со 996.000 долари, додека трет е фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, чиишто објави просечно вредат по 975.000 долари.

На четврто место е Ким Кардашијан со 910.000 долари. Следуваат поп-пејачката Селена Гомез (886.000 долари), актерот Двејн Џонсон „Д Рок“ (882.000 долари) и седма е Бијонсе (785.000 долари).

Извор:  МИА
Објавена на 29.07.2019 11:40:07