Омнибус

Градови кои практично молат луѓе да се вселат во нив

Без разлика каде живее, скоро секој во одреден период од неговиот живот сонува да живее на друго место.

Низ светот, популацијата се намалува во голем број на села и градови поради разни причини, а за да привлечат нови жители, локалните влади нудат од големи суми на пари, па до евтини куќи за оние кои се заинтересирани да се релоцираат.

1) Островот Аранмор, Ирска



Познат и како Árainn Mhór, овој остров во Ирска постоел уште од праисториските времиња и сè уште делува како да е недопрен од луѓето. Но и покрај природната убавина, Аранмор е во криза – младите повеќе не сакаат да работат во најголемите островски индустрии риболов и земјоделство. Неговата популација како резултат на тоа е намалена на само 469 жители.

На оние кои ќе се доселат тука им е обезбеден пристап до брз интернет, ирско виски, морска храна и можност за работа од дома.

2) Локана, Италија



Локана е комуна во северозападниот италијански град Турин, опкружена со планини. Меѓутоа, популацијата од раните 1900-ти чија бројка била 7000 жители, денес е намалена на едвај 1500.

Џовани Бруно Матије, градоначалникот на Локана, сега нуди и до $10 200 кои би се исплаќале во период од 3 години, на луѓето кои имаат деца, плата од најмалку $6850 и можат таму да се преселат за постојано.

3) Самбука, Италија



Самбука е уште една италијанска комуна, лоцирана на Сицилија, која се надева дека ќе си ја зајакне економијата продавајќи куќи за $1.

Условите за да се добие толку евтин дом се дека треба да се одбере куќа со големина од 40 до 150 метри квадратни, за која ќе треба да се потроши најмалку $17 200 за реновирање во првите 3 години од живеењето таму.

Досега се продадени најмалку 10 куќи на странци.

4) Монти Сага, Швајцарија



Ова село на границата помеѓу Швајцарија и Италија исто така нуди куќи за $1, кои ќе мора да бидат реновирани бидејќи сега се сметаат за рушевини. Овој регион моментално е ненаселен, а има модерен водовод.

5) Куртис, Небраска (САД)



Куртис во Небраска моментално нуди бесплатно земјиште на оние кои се заинтересирани да изградат дом за една фамилија, $4000 како асистенција за уплата на цената на градбата, како и дополнителни $1000 на фамилиите со деца.

6) Тулса, Оклахома (САД)

Tulsa Remote е програма наменета за оние на возраст над 18 години, да станат работници кои би работеле „од далечина“ за нивните компании (со полно работно време) и кои можат да се преселат во Тулса за 6 месеци. Одбраните кандидати ќе добијат $10 000, како и стипендија за живеење.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 29.07.2019 11:11:01