7-ма генерација на Chevrolet Corvette

Новата „корвета“ или „Вета“ како што го нарекуваат моделот Chevrolet Corvette чиј дизајн се шпекулира веќе половина декада е конечно тука.



Ова е 7-мата генерација на овој модел и за прв пат моторот е сместен на средината на автомобилот. Се работи за 6.2 литарски V8 мотор наречен LT2, со моќност од 500 коњски сили, 637Nm вртежен момент и забрзување од 0-100км/ч. за под 3 секунди.

Менувачот е 8-брзински и автоматски, а погонот е на задните тркала.



Ќе бидат понудени 12 бои за екстериерот, 6 за ентериерот, 6 за сигурносните појаси, 3 различни видови на седишта, и 3 опции за шавовите на седиштата.

Ентериерот е необичен, со долг ред копчиња од десната страна на централниот тунел помеѓу возачот и сопатникот, елемент кој привлекол значително внимание од присутните за време на официјалното претставување на овој модел. Цената сè уште не е позната, но претседателот на GM изјавил дека Stingray варијантата ќе има цена под $60 000.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 25.07.2019 10:50:11