Marvel најави нови 10 филмови

На годинешната Конвенција на стрипови ,,Comic-Con” во Сан Диего, американското филмско студио Мarvel најави нови 10 филмови.

Едно од поголемите изненадувања е тоа дека оскаровецот Махершала Али ќе го глуми Блејд – ловецот на вампири, кого во претходните неколку филма го глумеше Весли Снајпс.

Актерката Натали Портман го потврди своето учество во четвртиот филм за Тор, со поднаслов – „Love and Thunder”. Ќе ја повтори улогата на Џејн Фостер, но овој пат ќе ги поседува моќите на насловниот лик.

Најавен е и филмот „Eternals” со Анџелина Џоли и Селма Хајек, како и првата филмувана приказна за азиско-американскиот суперхерој Шанг-Чи, кој во Марвеловите стрипови првпат се појави пред речиси 50 години.

Освен тоа, Мarvel конечно објави и детали за долгоочекуваната „Black Widow” – Скарлет Јохансон како Наташа Романов, филм којшто е веќе во фаза на снимање.

Извор:  МИА
Објавена на 22.07.2019 11:22:54