Омнибус

Најдобри локации за интроверти препорачани од интроверти

Патувањето обично се смета за прилично социјална активност, бидејќи повеќето луѓе патуваат со пријатели, фамилија или партнер. Дури и ако патувате сами, тоа може да вклучува многу социјализирање – од разговори со непознати во авион, до луѓе на улица, ресторани и слично.

Во светот постојат прекрасни дестинации кои се совршени за интроверти, каде може да имате многу повеќе време за себе.

1) Сискију во Северна Калифорнија



Овој најсеверен регион од Калифорнија е совршен за интроверти кои сакаат времето да го поминуваат во природа. Има 50 реки, 270 езера, пештери од зацврсната лава, водопади и др.

2) Нов Зеланд



Оваа земја каде овците се побројни од луѓето и е преполна со прекрасни пејзажи е идеална за оние кои уживаат во мир и тишина. Јужниот остров е најтивок, а местата како Toko Mouth имаат популација од под 100 луѓе.

3) Бруклин, Њујорк



Иако звучи налудничаво Њујорк да се препорача на луѓе кои претпочитаат да се сами, да е човек интроверт не значи дека сака изолација, туку значајни врски со луѓето, а не бесцелни разговори и интеракција. Во Бруклин сите се премногу зафатени за да започнуваат и се вклучуваат во бесцелни разговори, а локациите како ботаничката градина и паркот Проспект се идеални за оние кои претпочитаат мирни места.

4) Лисабон, Португалија



Во овој град можете по цели денови да пешачите сами, истражувајќи ги тесните споредни улички и уживајќи во архитектурата и уличната уметност.

5) Бали, Индонезија



Бали е локација идеална за интровертите кои се љубители на плажи, јога и медитирање.

6) Јапонија



Иако главниот град Токио може да е „пренапорен“ за интровертите, јапонската култура е тивка – дури и кога сите се во движење. Возовите се секогаш тивки, дури и кога се преполни, а локалното население ретко, скоро никогаш не започнува разговор, особено со непознати или туристи. Потивки градови се Кјото или Јокохама.

7) Осло, Норвешка



Овој град има многу историја, паркови и музеи за истражување,а сите се во мирни опкружувања. Осло е неверојатно безбеден град, а локалното население зборува одличен англиски јазик.

8) Исланд



Исланд е една од најдобрите локации за интроверти, со прекрасни пејзажи. Степенот на криминал во Исланд е неверојатно низок, па доколку патувате сами и сте нервозни во врска со тоа, оваа земја е идеална за во неа да го започнете патувањето.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 19.07.2019 10:02:01