Мараја Кери открива: Спиев само со петмина

Еден од најмоќните вокали на светот, Мараја Кери не бега од незгодни прашања. Па, така, во интервју за „Cosmopolitan”, говорејќи за својот личен живот, таа откри дека спиела само со петмина мажи.



– Не сум имала многу мажи, но сите беа различни. Вo кревет сум била со само пет луѓе во целиот живот, па мислам и дека сум „невина“ во споредба со некои свои колешки, се пошегува пејачката која е на самиот праг од шестата деценија од животот.

Од 1993-та до 1998-ма година, Мараја беше омажена со музичкиот продуцент Томи Мотола, а по него две години беше во врска со пејачот Луис Миѓел. Потоа, во 2008-ма се омажи за Ник Кенон, исто така пејач. Откако во 2016 се разведе од него, се сврши со австралискиот милијардер Џејмс Пакер.

Поп-дивата во овој миг е во врска со 13 години помладиот танчер Брајан Танака. Тоа е сè што јавноста знае за неа.

Извор:  МИА
Објавена на 18.07.2019 13:02:29