Том Круз ги принуди децата да се разделат од Никол

Сем Доминго, поранешен верник Црквата на скиентологијата, тврди дека Том Круз „ги принудил неговите деца Изабела и Конор да ги прекинат своите врски со нивната мајка Никол Кидман“.



– Том одлучи да ги прекине врските со Никол, па се потруди и нивните деца да го сторат тоа. Јас ги запишав своите деца на скиентолошко училиште во Лос Анџелес заради подобро образование. Децата на Том Круз, од друга страна, немаа избор околу нивното образование, или пак, разделбата со мајка им, изјави Сем.

Сем 22 години била член на таа црква, до 2004-та година, кога ја напуштила.

 Таа и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, оперскиот пејач Пласидо Доминго и претходно го критикуваа актерот дека ги индоктринира своите деца по разводот со Кидман и откако таа била исклучена од оваа верска организација 2001-ва година.

Извор:  МИА
Објавена на 18.07.2019 09:46:05