ВИДЕО: Џеј Ло како стриптизета во првиот трејлер на Hustlers

Долгоочекуваниот трејлер за последниот филм на латино дивата Џенифер Лопез конечно е тука.

Hustlers е базиран врз приказна објавена во еден магазин од Њујорк за група стриптизети кои решаваат да ги земат работите во свои раце и да ги измамат своите богати клиенти од Вол Стрит.

На чело на екипата ја гледаме Џеј Ло, а покрај неа ќе имаме можност да уживаме и во перформансот на Костанса Ву, Џулија Стајлс, Карди Би, Кеке Палмер и ред други.

Официјалната премиера на филмот се очекува на 13-ти септември.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 17.07.2019 10:20:18