Позитивни критики за Меган: Изгледа прекрасно!

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл го имаше своето прво појавување на црвениот тепих по породувањето, на премиерата на „Кралот лав“ во Лондон.



За оваа прилика поранешната актерка избра едноставен црн фустан и високи потпетици од Гучи. Сепак, она што им се допадна на многумина, не е нејзината облека туку нејзината тежина.

Војвотката не брза со губење на вишокот килограми и за разлика од Кејт Мидлтон, која после секое породување изгледаше беспрекорно слабо, Маркл изгледа како секоја друга нормална жена.



Ваквиот природен изглед особено им се допадна на припадничките на понежниот пол кои веќе станале мајки и точно знаат какви промени му се случуваат на телото во текот на целиот процес пред и после породувањето.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.07.2019 10:22:32