Гвардиола: Покажавме неверојатен карактер

Тренерот на Манчестер сити, Гвардиола, по пресврт-победата над Шалке во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите (3:2), забележа дека тимот покажа неверојатен карактер.



– „Граѓаните” по првото полувреме губеа со 2:1, во второто полувреме остана и со играч помалку, но на крајот излегоа како победници.

-Почнавме многу добро, но сепак направивме некои грешки што не смеат да се случуваат на вакво натпреварување. Сепак, во вториот дел покажавме неверојатен карактер и индивидуални квалитети. Тоа се големите играчи кои победуваат на вакви натпревари, изјави Шпанецот.

Реваншот е на 13 март во Манчестер.

Извор:  МИА
Објавена на 21.02.2019 12:38:57