Футурама

Со CRISPR би можеле да станеме имуни на грип и ХИВ вирусот

Вакцините за бактериски и вирусни инфекции е екстремно тешко да се развијат, но благодарение на технологијата за едитирање на гени (како CRISPR), наскоро би можеле луѓето да се имунизираат за грип, па дури и ХИВ.



Истражувачите од Фред Хачинсон центарот за истражување на канцер во Сиетл, Вашингтон, развиле нова техника вештачки да креираат подобрени и подолготрајни антитела со едитирање на ДНК на т.н Б-клетки – белите крвни клетки задолжени за креирање на антитела.

Многу од конвенционалните третмани со антитела се ефективни само во краток временски период, бидејќи антителата бргу се растураат, побарувајќи дополнителни инјекции со тек на времето. Во споредба со тоа, новите антитела еден ден би требало да се инјектираат само еднаш.

Во иницијалното тестирање врз 15 глувци биле добиени исклучително позитивни резултати: била овозможена 82 дневна заштита од респираторниот синцицијален вирус (RSV), инфекција на респираторниот тракт која може да е опасна и за децата и за возрасните

Научниците прво ќе треба да докажат дека оваа техника на едитирање на антителата е комплетно безбедна, за што ќе бидат потребни неколку години. Доколку се одобри за употреба врз луѓе, би можела да спречи стотици болнички посети, па и смртни случаи годишно.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 21.02.2019 11:54:23