Омнибус

Австралија ќе засади милијарда дрвја за борба против климатските промени

Австралиската влада се подготвува да засади милијарда нови дрвја како дел од кампањата за пошумување наменета да ги постигне целите поставени со Парискиот договор за климатските промени, а тоа е најдоцна до 2030-та да се редуцираат емисиите на јаглеродни гасови на 26 до 28% од нивото кое тие го имале во 2005-та.



Владата проценува дека проектот кој ќе трае до 2050-та евентуално ќе отстрани 18 милиони тони штетни гасови годишно до 2030-та. Инаку, Австралија моментално создава над 500 милиони тони CO2 еквивалентни гасови годишно.

Според ново истражување од истражувачите од ETH Zurich, кампања за садење на дрвја низ целиот свет би можела значително да допринесе за намалување на светското ниво на емисиите на гасови.



Милијарда дрвја е импресивен старт, но сепак е значително помалку од еден трилион дрвја кои според истражувачите од Цирих Земјата би можела да ги подржи.

Важноста на јагленот за австралиската економија е пречка за сериозните напори за намалување на емисиите на јаглерод, велат еколозите, бидејќи Австралија околу две третини од електричната енергија ја добива од фосилните горива.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 21.02.2019 10:06:58