Нант поднесува жалба до ФИФА против Кардиф за трансферот на Сала

Нант ќе поднесе жалба до ФИФА против активностите на Кардиф, според британските медиуми. Францускиот клуб сака да добие 15 милиони евра за трансферот на напаѓачот Емилијано Сала.



Раководството на Нант побара од колегите во Кардиф да го направат трансферот на парите. Клубот од англиската Премиер лига одби, повикувајќи се на фактот дека истрагата на околностите околу смртта на Сала се уште не е завршена.

Од Кардиф инсистираат сите детали за организацијата на летот да бидат испитани, особено кој е одговорен за тоа што се случило и дали пилотот Дејвид Иботсон, кој исто така почина, имал доволно квалификации.

Извор:  МИА
Објавена на 20.02.2019 17:11:59