Нови BMW X3M и X4M

BMW ги претставија новите X3M и X4M SUV модели кои ќе чинат од 87 300 евра (X3M) и 90 600 евра (X4M) и кои ќе бидат директна конкуренција на Mercedes-AMG GLC 63 и Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio

И двата модели (од кои X4M ќе биде механички идентичен на X3M) ќе имаат сосема нов 6-цилиндричен мотор, најмоќниот досега вграден во било кој BMW M модел.



Новиот 3.0 литарски мотор ќе биде понуден во верзија со моќност од 482 коњски сили и со 512 коњски сили (кои модели ќе го имаат беџот “Competition”) кој ќе се продава исклучиво во Обединетото Кралство. Вртежниот момент и кај двата модели ќе биде идентичен – 600Nm.

И двата модели ќе имаат 8-брзински M Steptronic менувач и xDrive погон на сите тркала, но нема да биде понудена опцијата да се одбере погон само на задните, за разлика од останатите xDrive M модели како M5 и идниот M8.



Во поглед на перформансите, X3M и Competition ќе забрзуваат од 0-100км/ч. за 4.2 и 4.1 секунди, за само 0.2 и 0.3 секунди побавно од Mercedes-AMG’s GLC 63 и 63 S моделите.

X3M ќе доаѓа со 20 инчни бандажи како дел од стандардната опрема, и 21 инчни кај Competition варијантата. Јаглеродно-керамички сопирачки нема да бидат понудени, дури ни како дополнителна опција.

X3M ќе го има првото јавно претставување во април на Shanghai Motor Show, а во продажба ќе се појави во септември.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 20.02.2019 11:43:31