Футурама

Под ледената покривка на Гренланд има уште еден масивен кратер

Гренланд е покриен со една од најголемите ледени покривки на планетата, а под тој замрзнат екстериер научниците сметаат дека се наоѓа уште еден (втор по ред) огромен кратер предизвикан од удар на метеор, закопан 2 километри под ледот во северозападниот дел од островот.



Откритието било овозможено преку комбинација од сателитски слики и радарски податоци, кои на истражувачите им овозможиле да „гледаат“ длабоко под мразот.

Тие забележале кружна вдлабнатина на само 183 километри од првиот кратер, широка повеќе од 36 километри, која имала слични карактеристики на „комшискиот“ кратер.

Било заклучено дека се работи за „отпечаток“ од удар од метеорит, 22 по ред најголем кратер било кога пронајден на Земјата.

Со анализа на примероците од ледот во негова близина, било заклучено дека ударот се случил пред повеќе од 79 000 години.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 20.02.2019 11:32:42