Range Rover Sport HST специјално издание

Jaguar Land Rover го претставија специјалното издание на Range Rover моделот Sport HST, кој доаѓа со сосема нов 3.0 литарски 6-цилиндричен турбо мотор, како и со бројни додатоци во ентериерот и на екстериерот.



3.0 литарскиот мотор е со моќност од 400 коњски сили и 550Nm вртежен момент и е асистиран од електричен компресор преку 48V благо-хибриден систем. Како резултат на тоа, HST забрзува од 0-100км/ч. за само 6.2 секунди, а максималната брзина му изнесува 225км/ч.

Благодарение на благо-хибридниот систем, Range Rover Sport HST има потрошувачка од 13km/l. и CO2 емисии од 213g/km. Овој систем може да ја собира енергијата добиена со регенеративното сопирање и да ја складира во батеријата за подоцна да биде искористена од електричниот мотор – како на пример при тргнување на возилото.



HST има 8-брзински автоматски менувач и погон на сите тркала, а како и стандардниот Range

Rover Sport, и HST има активни и прилагодливи воздушни амортизери, како и “Terrain Response 2” системот на Land Rover кој го проценува теренот врз кој што се вози и според него ја прилагодува шасијата и погонот.

Промените во екстериерот вклучуваат нов дизајн на алуминиумските бандажи, поголем избор на бои, црвени детали на сопирачките, HST беџови и трим од јаглеродни влакна на предната решетка, страничните отвори за воздух и задната врата.



Предните седишта можат да се прилагодат на 16 начини, а вградени се системи за асистирање на возачот како адаптивна контрола на крстарење и сопирање на возилото во итни случаи при големи брзини.

Цената на Range Rover Sport HST започнува од 92 900 евра.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 19.02.2019 14:36:27