ФОТО: Џеј Ло се подготвува за улогата на стриптизета

Латино дивата, Џенифер Лопез, во јули ќе наполни 50 години, но тоа воопшто не ја спречува да добива филмски улоги во кои ќе покаже малку повеќе гола кожа од вообичаено.



Актерката и пејачка, напорно работи на своето тело поради филмот Hustlers, во кој ќе имаме можност да ја видиме во улога на стриптизета.

Нејзиниот партнер, Алекс Родригез на својот Instagram профил сподели видео на кое имаме можност да ја видиме Џеј Ло во акција додека учи некои движења за танц на шипка.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 19.02.2019 12:29:10