Дали и како да се вежба кога сте болни?

Според советите од стручните медицински лица, можете да вежбате и кога имате настинка. Всушност, раздвижувањето ќе му користи на телото.

Доколку симптомите се над вратот (растечен нос, главоболка, кивање и сл.), може да вежбате сè додека сте доволно хидрирани и си го слушате телото. Во тој случај, намалете го интензитетот на вежбите и тежините со кои претходно сте вежбале, сè додека повторно не се чувствувате „нормално“. Во спротивно, интензивното и напорно вежбање може само да ги влоши симптомите.



Не се препорачува да вежбате доколку имате треска и покачена телесна температура, бидејќи постои ризик од дехидратација и прегревање.

Исто така избегнувајте да вежбате доколку имате нагон за повраќање и не можете да задржите храна и течности во стомакот.

Вежбањето не се препорачува и доколку ги имате следните симптоми: потешкотии со дишењето, болки во мускулите, слабост, гадење и болки во стомакот.



Во случај на помалку сериозна настинка, доколку се решите да вежбате внимавајте на следниве работи:

- Намалете го интензитетот на вежбање

- Избегнувајте да вежбате меѓу луѓе за да не ги заразите – правете го тоа дома или на отворено, особено поради тоа што свежиот воздух ќе ви помогне за ослободување на дишните патишта.

- Правилно хидрирајте се, особено во студените денови кога по обичај не се внесува истата количина течности како во топлите денови. Правилната хидратација ги подобрува физичките перформанси и му помага на имунолошкиот систем да си ја врши задачата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.02.2019 12:30:49