ВИДЕО: Канаѓанка фрли стол од зграда врз улица полна луѓе
Жена во канадскиот град Торонто фрли стол од висока зграда на улица полна со луѓе и возила.
Откако видеото со „шегата“ се најде на интернет и собра повеќе од 700.000 прегледи, го привлече вниманието на полицијата, која ја повика жената да им се предаде кај надлежните.
Властите го знаат идентитетот на девојката и веќе ѝ е јавено да се пријави во полиција.
Столот бил фрлен врз една од најпрометните улици во Торонто, но при инцидентот нема повредени.
Извор: МИА
Објавена на 13.02.2019 11:10:53