Омнибус

Најдобрите хотели во светот за 2019-та

Доколку сакате да почнете со планирањето на вашите патувања за 2019-та, сајтот TravelAdvisor има објавено листа со најдобрите хотели за оваа година според изборот на милионите нивни корисници.

Резултатите биле добиени со анализирање на повеќе од 7800 локации во 94 земји и 8 региони, а според нив најдобрите хотели се:

1) Општо најдобар: Тулемар бунгалови и вили во Мануел Антонио, Костарика



Овој ресорт кој се протега на површина од 33 акри има поглед на Тихиот океан, сопствена плажа, како и уникатни вили дизајнирани за парови. Просечната цена на едно ноќевање е $243.

2) Најдобар луксузен хотел: Кајакапи пештери Кападокиа во Ургуп, Турција



Кападокиа се прогласени за светско кулурно наследство на UNESCO поради нивниот уникатен дизајн. На оваа локација има стотици куќи во пештерите, вклучувајќи и црква од 10-тиот век. Просечната цена на едно ноќевање е $285

3) Најдобра цена: хотелот Лурдеиа во Бермео, Шпанија



Хотелот нуди тивко прибежиште од градските гужви, а неговите посетители се исклучиво задоволни од чистотата и гостопримството. Просечната цена на едно ноќевање е само $65

4) Најдобри малечки апартмани: Анастазис во Санторини, Грција



Апартманите тука вклучуваат џакузи, „бесконечен“ базен, сауна и мн. други услуги. Просечната цена на едно ноќевање е $413

5) Најдобра услуга: хотел Холидеј Емералд во Ханој, Виетнам



Хотелот се наоѓа на само 5 минути одење пеш од познатото езеро Хоан Кием, ноќниот пазар, Транг Тиен трговскиот центар, и др. Просечната цена на едно ноќевање е само $49

6) Најдобар B&B (bed & breakfast) хотел: 25 Boutique B&B во Торквеј, Англија



25 Boutique B&B вклучува 6 неверојатно уникатни луксузни спални, а за време на престојот ќе бидете послужувани со свежо млеко, домашни бисквити и др. Просечната цена на едно ноќевање е $178.

7) Најдобро романтично одморалиште: делукс апартмани Лани во Пуерто Дел Кармен, Шпанија



Ова одмаралиште вклучува 25 апартмани на плажа со поглед на Атланскиот Океан, а просечната цена на едно ноќевање е $489

8) Најдобро фамилијарно одморалиште: Макс Ројак Кемер Ресорт во Кемер, Турција



Покрај одличната храна зготвена од светски познати готвачи и познатите турски бањи, тука се нудат и професионални услуги за чување на деца и нивен дневен престој. Просечната цена на едно ноќевање е $1273

9) Најинклузивно одмаралиште: Икос Океанија – Неа Монданиа, Грција



Оваа луксузна локација се протега на 15 акри површина со поглед на Егејското море и вклучува 6 барови, затворени и отворени ресторани и автентични менија од локалните ресторани по просечна цена на едно ноќевање од $602

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.02.2019 11:32:08