Омнибус

На олимпијадата во Токио 2020 ќе се делат медали направени од стари гаџети

Организацискиот комитет за Токио 2020 олимпијадата и паралимпијадата планира медалите да се изработат од отфрлена електроника, со рециклирање на смартфони, лаптопи и останати гаџети.



Организаторите направиле план да соберат 2700кг. бронза, 30.3кг. злато и 4100кг. сребро, канејќи ги граѓаните да ги донираат своите расипани телефони и останата електроника. Организацискиот комитет очекува да ги исполни овие поставени цели до 31 март 2019 (кога истекува рокот за донациите), а досега се собрани скоро 48000 тони електронски отпад, вклучувајќи 5 милиони стари мобилни телефони.

По собирањето, сите овие уреди ќе поминат низ процес со кој со топење се екстрахираат злато, сребро и бронза, од кои потоа ќе бидат направени медалите за спортистите.



Рециклираните метали биле користени и изминатите години за создавање на олимписките медали – на олимпијадата во Рио околу 30% од среброто и златото во медалите потекнувало токму од рециклирани материјали.

Дизајнот на медалите за олимпијадата во Токио 2020-та ќе биде објавен подоцна годинава.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 12.02.2019 11:19:18