Гатузо: Игуаин го гледам во Милан

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, го коментираше можниот трансфер на напаѓачот Гонзало Игуаин во Челзи во пресрет на натпреварот во италијанскиот Супер куп против Јувентус, објави „АС“.



– Се потпирам на она што се случува во тимот, како тој тренира и како живее со своите соиграчи. Да, сега има многу шпекулации, но тој добро се забавува, па утре ќе видиме дали тој ќе игра или не. Треба да разберете што сака. Јас го гледам во Милано. Игуаин секогаш се шегува. Се разбира, желбата на еден фудбалер да го напушти Милан е можно да постои, но сакам да ви кажам дека аргентинскиот фудбалер никогаш не дојде да ми каже дека тој сака да замине, изјави Гатузо.

Милан и Јувентус финалето од Суперкупот на Италија ќе го играат вечер во Џеда, Саудиска Арабија, со почеток во 18:30 часот.

Извор:  МИА
Објавена на 16.01.2019 13:45:29