Почна снимањето на третиот дел на „Лоши момци“

Вил Смит и Мартин Лоренс денеска почнаа со снимање на ново продолжение на „Лоши момци“, хит комедијата од 1995 година.



– Прв дена од снимањето на третиот дел, викендов ги гледавме и првите два. Ќе биде лудо, напиша Смит под сликата од нив двајцата што ја објави на Инстаграм.

Третиот филм ќе чини 100 милиони долари, а премиерата е закажана за јануари идната 2020 година.

Извор:  МИА
Објавена на 16.01.2019 12:45:30