Омнибус

9 најпознати светски хотели некогаш и сега

Некои хотели се познати поради нивниот изглед, некои поради нивната клиентела, а некои пак според скандалите кои во нив се имаат случено.

Еве како некои познати хотели низ светот изгледале порано и сега:

1) Claridge’s, Англија

Овој хотел во почетокот бил воден од Вилијам и Мариен Клериџ, кои подоцна ги купиле 5-те споени згради до него и повторно го отвориле проширениот хотел во 1856-та. Подоцна тој бил купен од Ричард Дојли Карт и ремоделиран пред повторно да се отвори во 1898-ма. Повеќе соби и сала за бал биле додадени во 1929-та.

Прогонетите кралеви на Грција, Норвешка и Југославија престојувале во него за време на Втората светска војна. Хотелот бил реставриран во 1996-та и станал популарно место за модели, дизајнери, музичари и уметници, на пример, Кејт Мос таму го прославила својот 30-ти роденден.

2) Grand Hotel Europe, Русија

Овој хотел кој се наоѓа во Санкт Петербург, Русија бил отворен 1875-та, а од познатите гости таму престојувале Игор Стравински, Фјодор Достоевски и членовите на династијата Романов.

Делови од Џејмс Бонд филмот „GoldenEye” во 1995-та се снимени во овој хотел кој и ден денес е регуларна дестинација за руската елита. Има 266 соби и апартмани и 5 ресторани и барови.

3) The Plaza Hotel, САД

Весниците го нарекувале овој хотел „најдобриот хотел во светот“ кога се отворил во Њујорк во 1907-ма. Тој е знаменитост во градот од 1969-та и национално историско обележје од 1986-та,

Цената на ноќевање во одредени соби може да достигне и до $50 000 за една вечер.

4) Fairmont Le Château Frontenac, Канада

Fairmont Le Château Frontenac е отворен 1893-та со надеж дека ќе привлече богати туристи кои патувале со железницата во Квебек. Канадската енциклопедија го нарекува „најфотографираниот хотел во светот“, а неговите гости ги вклучувале кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета, принцезата Грејс од Монако, Роналд Реган, Алфред Хичкок и др.

5) Old Faithful Inn, САД



Овој хотел во националниот парк Јелоустоун бил изграден во периодот од 1903-та до 1904-та и се смета за најголема ваква структура направена од дрва во светот. Има 327 соби, а и денес е најпопуларна локација за престој во паркот.

6) The King David Hotel, Израел



Отворен 1931-ва во Ерусалим, овој хотел бил штабот на британскиот мандат во Палестина, а во 1946-та бил бомбардиран од воена група Иргун.

Денес неговите декорации сè уште се сочувани, а бил привремен дом на разни познати личности и светски лидери, вклучувајќи го и принцот Вилијам во 2018-та.

7) Caesars Palace, САД

Хотелот бил отворен во 1966-та и бил првиот тематски хотел во Лас Вегас. Во неговите рани денови таму настапувале Тони Бенет, Џери Луис, Либераче и Дијана Рос, а каскадерот Evel Knievel во 1967 се обидел да прескокне со мотор преку фонтаните, но неуспешно слетал на бетонот.

Од тогаш на хотелот биле додадени уште 5 нови кули, како и Colosseum просторот за настап кој бил изграден за пејачката Селин Дион која има резиденција во овој хотел.

8) The Waldorf Astoria, САД



The Waldorf Astoria во Њујорк оригинално бил два посебни хотели поради расправијата помеѓу роднините Вилијам Валдорф Астор и Џон Џејкоб Астор IV.

Двата хотели се наоѓале еден до друг и подоцна се споиле, за да бидат срушени во 1929-та за да се направи место за Empire State Building. Името Waldorf Astoria потоа било купено за 1 милион долари од Лашс Бумер кој го изградил хотелот на неговата сегашна локација на Park Avenue.

Моментално хотелот е затворен за реновации – кинеска осигурителна компанија го купила за скоро 2 милијарди долари во 2014 и моментално реконфигурира 500 соби во апартмани.

9) Ritz Paris, Франција



Швајцарскиот бизнисмен Цезар Риц го отворил Ritz Paris хотелот во 1898-ма.

Таму живеелa и умрела дизајнерката Коко Шанел, а хотелот бил користен и како нацистички штаб кога Германија го имала окупирано Париз.Кралскиот апартман каде принцезата Дијана го имала својот последен оброк пред трагично да загине во сообраќајната несреќа чини $30 000 од вечер.

Хотелот е повторно отворен во 2016-та по 4-годишно реновирање.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.01.2019 12:26:28