Футурама

Имплант за мозок против епилепсија и Паркинсонова болест

За луѓето со невролошки состојби како епилепсија или Паркинсонова болест, мал уред би можел да им помогне да ги менаџираат симптомите така што би се имплантирал на површината на нивниот мозок, каде би ја набљудувал електричната активност и би интервенирал кога нешто ќе тргне наопаку.



Новиот прототип е наречен WAND и е развиен од научници од UC Berkeley. Ова не е првиот имплант направен за третирање на невролошки состојби со таргетирана електрична стимулација, но решава полно од проблемите кои ги имале сличните поранешни модели како што се ограничувањата во големината и бучното собирање на податоци.

Уредот за сега е тестиран на примати и функционира со систем на затворен циклус (closed loop).

Тоа го прави преку низата електроди која симултано ја интерпретира електричната активност на мозокот и испраќа терапевтски шокови, што резултира со поспецијализирани третмани кои можат прецизно да се модифицираат според потребите на мозокот, во споредба со другите импланти кои прават само една од овие функции.



Поточно, низата електроди е првата што истовремено може да ја интерпретира електричната активност на мозокот и да испрати терапевтски шокови, што резултира со третмани кои се фино подесени на потребите на мозокот.

Во иднина, тимот истражувачи сака да имплементира систем со вештачка интелигенција за да имплантот стане уште подобар во читањето и разбирањето на мозочните сигнали, а пред тоа секако ќе треба да се утврди дали уредот ќе функционира врз луѓе, за што ќе бидат потребни доброволци кои ќе се согласат за експерименталната операција.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.01.2019 18:02:16