Футурама

Tetra модерна машина за миење садови

Tetra мини-машината за миење садови на компанијата Heatworks е наменета да стои на работната површина во кујната и е далеку од класичните машини кои ја имаат оваа функција, а обично се вградуваат во елементите од кујната.



Идеален за оние кои живеат во помали станови, Tetra нуди многу функции, а притоа има прекрасен дизајн и модуларни перформанси.

За да функционира не треба да се приклучи на никаква водоводна инсталација туку само во струја, а има димензии 45 x 42,5 x 35,5 сантиметри што значи дека се работи за исклучително компактен гаџет.



Tetra меѓу другото може да мие вински чашки и бебешки шишенца, а за тоа користи сопствен (прилично ограничен) воден резервоар. За да функционира, доволно е само да му се додаде вода, да се одбере една од модуларните подлоги пригодна за садовите кои планирате да ги миете, и тоа е тоа – Tetra ќе си ја заврши работата за само неколку минути.

Специјалната цена за нарачки пред овој гаџет кој ја има добиено една од наградите за најдобра иновација на CES 2019 пред да се појави во официјална продажба е $300.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.01.2019 17:45:18