Нови пикантни пораки во порно скандалот со Карлеуша

Наводната афера на српската пејачка Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш, за кратко премина во вистински порно скандал во кој на виделина излегоа низа на експлицитни фотографии и закани.

За помалку од 24 часа, српските медиуми беа преполнети фотографии и видеа од голата Јелена со кои се потврдува нејзината афера со Врањеш.



По ова пејачката го искористи својот Facebook профил за да му објави војна на својот љубовник и понатаму тврдејќи дека е жртва на фотомонтажа.

Таа напиша дека е принудена да сподели со јавноста дека фотографијата на која се гледа нејзиниот полов орган не е вистинска бидејќи како што вели на тоа место од телото има специфичен младеж.

Потоа следеа неколку постови во кои отворено го нападна фудбалерот, а кулминацијата настана откако објави експлицитна фотка од половиот орган на Врањеш за која тврди дека и ја пратила пријателка.

Јелена и ова утро не запре со нападот, па продолжи да објавува пораки кои наводно ги разменила со фудбалерот во кои го моли да ги демантира сите информации поврзани со скандалот. Во меѓувреме фотографијата од пенисот беше отстранета од профилот.

Како ќе заврши оваа пикантна приказна допрва останува да видиме. Јелена заедно со децата експресно замина за Кина, кај сопругот Душко Тошиќ, а во меѓувреме нејзиниот колега Аца Лукас беше првиот кој застана во нејзина одбрана.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.01.2019 13:15:24