Бремената Меган во неодолива црвено-виолетова комбинација

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, повторно блесна во свој стил за време на првата кралска должност која ја имаше заедно со принцот Хари.

Бремената Меган, која откри дека ќе се породи во април, носеше виолетов фустан од Babaton, во комбинација со капут од Sentaler и високи црвени потпетици.

Зборувајќи со присутните, кои дојдоа да ја видат познатата кралска двојка, војвотката додаде дека сè уште не знаат кој е полот на детето и дека би сакале да остане изненадување до самото породување.



Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.01.2019 14:43:00